Никогаш не дозволувајте другите да ви кажуваат како треба да изгледате

Ах, колку пати ми рекле: „Ти го правиш тоа само за внимание!“

Ако ставам шминка: „Ти се шминкаш само за внимание.“
Ако ја исфенирам косата: „Ти се фенираш само за внимание.“
Ако имам лош ден и пуштам солза: „Ти го правиш тоа само за внимание.“

Листата оди до бесконечност, но искрено, дали навистина го правам тоа за внимание или едноставно сакам да бидам среќна во сопствената кожа и да не ме прегази целиот свет?

Секој ден, некој поминува низ одредена рутина за да се подготви за училиште, работа или нешто за што е потребно да излезе во јавност. Мислата која ми паѓа на ум: „Дали изгледам добро?“ ДА, КРАЛИЦЕ! Супер изгледаш!

Но и вие се плашите од можните коментари нели?

Општеството ги учи девојчињата од сите возрасти дека мора да бидат „одобрени“ од другите.

НЕ, не мора! Сакаш да носиш шминка? Слободно шминкај се! Сакаш да си ја направиш косата по твој мерак? Слободно! Се чувствуваш лошо? Исплачи си се!

Вистината е дека ниту едно друго мислење не е важно освен сопственото.

Зошто треба да се грижам за тоа што мисли општеството за мене? Дали тие ми ги плаќаат сметките? НЕ. Дали тие ми ја пишуваат домашната? НЕ. Дали тие ја планираат мојата иднина? НЕ. Тогаш зошто? Зошто толку многу се грижам за тоа што другите мислат? Одговор: Затоа што општеството е тапа и така ме научило општеството.

Како жени, нас не учат да ги правиме работите кои му прилегаат на нашето тело. Дали знаете што се случува откако ќе го направиме тоа? Не викаат курви. И викаат дека го правиме тоа само за внимание? Кога ќе престане ова лудило?

Ни велат дека сите треба да бидат среќни самите со себе. Сепак, кога ќе направиме нешто што некој не го оправдува, тогаш не навредуваат, не нарекуваат со погрдни имиња, не судат. Дали бараме комплименти на секој чекор? НЕ. Дали бараме внимание? НЕ. Ние правиме нам што ни одговара. Ние сакаме да ни биде удобно во сопствената кожа.

Постојат толку многоу девојчиња во светот кои не се чувствуваат удобно во сопствена кожа, па тогаш зошто да правиме да се чувствуваат уште полошо? Дозволете ни да бидеме среќни! Потајно, во нас, ние веќе не сме среќни со тоа како сме го нанеле моливчето за очи или се грижиме за тоа дека косата ни е лоша.

Не го следете патот на општеството, туку направете свој!

Не постои причина поради која не можеме да плачеме. Не постои причина поради која не можеме да ставиме шминка ако сакаме. Не постои причина поради која не можеме да ја офарбаме косата ако ни е мерак. Знаете зошто го правиме тоа? Затоа што сакаме!

Општеството треба да научи дека од нас зависи што правиме за самите нас и дека се фокусираме на сопствените чувства.

Вие сте убави и не дозволувајте општеството да ви кажува поинаку. Правете што ви е мерак, затоа што на крајот на краиштата, вие сте единствените кои имаат моќ да се направат себеси среќни.

Следниот пат кога некој ќе искоментира: „Тоа го правиш за внимание“, одговорете: „Не, го правам тоа, затоа што знам дека сум убава и одбивам да ги следам општествените стандарди.“