Никогаш не чекај: Ако чукаш на врата која не се отвора, промени ја вратата!

Никогаш не чекајте. Или ќе ја бидне работата или нема да ја бидне. Ова важи и за пријателство, љубов, помош, продажба, состанок... Работите или се случуваат или за нив се сонува.

Сонувањето е прекрасно, но ги одложува работите. Се за што сонувате – не постои. Но, кога ќе тргнете да го остварувате својот сон, станете конкретни, правете конкретни потези, говорите со јазикот на делата, поставувајте прашања.

Ако на прашањата не добивате одговори – бегајте. Нејасноста ве држи заробени. Чекањето, кога нешто чекате, преставува еден вид на суптилна манипулација.

Оној којшто ве сака, ќе дојде. Оној кој помага, ќе ви помогне одма. Оној кој сака да ги поправи работите, ќе ги поправи одма. Се се случува брзо и едноставно. Не ги замислувајте другите луѓе, гледајте ги што прават, затоа што тоа е поблиску до вистината.

Ако чукате на врата која не се отвора, не престанувајте да чукате, само променете ја вратата.

Оној којшто пред се ве почитува како битие, а потоа и ве сака – никогаш нема да ве остави да чекате. Да се давите во морето од лажна надеж и пајажината од интриги која се плете околу вас.

Немојте никогаш да чекате. Оној што ве почитува никогаш нема да ве остави да чекате и да молите за трошка внимание или трошка љубов. Оној којшто ве сака нема да си дозволи да ви дава само трошки внимание и љубов. 

Исправете ја високо главата и запаметете дека сте прекрасна личност, личност којашто е сакана и почитувана од многумина, личност којашто е посакувана секаде со својот шарм, интелигенција и насмевка. Зошто да чекате било што и било кого во животот, кога едноставно има толку многу луѓе кои едвај чекаат да им се јавите и да се видат со вас?

Почитувајте се себе и не чекајте никого.

Како што го пропуштате автобусот кој за малку сте го утнале и го чекате новиот и не трчате со километри да го стигнете, така пропуштете ги и луѓето кои гледате дека нема потреба да ги бркате и чекате да пројават интерес. Секогаш ќе дојде наредна личност која ќе го цени и вашето време и вашето присуство и ќе ви го подари своето.