НИКОГАШ ДОСТА: Крцкав леб со кромид и кашкавал!

Имаме предлог како да го искористите лебот на најдобар начин. Со само неколку работи, вашиот леб ќе прерасне во превкусен специјалитет.

Состојки:

- 1 векна леб
- 100 гр кашкавал
- 100 гр моцарела
- Кромид / босилок / рузмарин
- 70 гр путер
- 1 лажица сусам
- 1 лажица ленено семе

Подготовка:

Исечете го кашкавалот на што потенки парчиња.  Лебот исечете го на коцкици (погледнете на видеото), исецкајте кромид, босилек или рузмарин и помешајте го сето со стопен путер. Добиената смеса истурете ја помеѓу исецканите коцки леб, како и кашкавалот. Ставете фолија на лебот и оставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. Потоа отстранете ја фолијата и вратете назад да се допече лебот уште некои десет минути.

Добар апетит!