Ни трага ни глас од Филипче, бројките загрижуваат, а тој денес молчи

Невообичаена пракса до сега, веќе е 16 часот, а сеуште не се објавени бројките на лица кај кои е утврдено присуство на Ковид 19 во изминатите 24 часа. Порталите и новинските агенции ја пренесоа неофицијалната информација, но официјалните информации од Владата, Министерството за здравство и нивните прес служби сеуште нема.

Неофицијално, големите бројки на заразени е причината поради која денес Филипче не излегува во јавност.  Граѓаните се нестрпиливи и во очекување на официјалната информација, бројката која утрово проструи во јавноста ги вознемири и внесе загриженост помеѓи нив. 

Пред малку на прес конференција во Владата се обрати дополнителниот заменик на министерот во Министерството за внатрешни работи, Славјанка Петровска, но нејзината конференција се однесуваше на друга тема.