Ни претстои жешка недела со многу високи температури

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Од таму истакнуваат дека минималната температура ќе биде помеѓу 9 и 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево време со умерен северен ветер и температура од 16 до 31 степен.

Под влијание на топол бран од понеделник следува многу топло време со максимални дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30, а во вторник и во среда на повеќе места ќе надминат и 35 степени.

Од среда до петок, во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.