Недозволена љувовна врска стои позади нападот на докторот од токсикологија

Лични причини односно недозволена љубовна врска е причината за синоќешниот напад врз докторот од токсикологија, дознава Скопје Инфо од извори на Клиниката за токсикологија.

Според информациите кој утрово се појавија низ болничките кулоари,  докторот подолго време бил во љубовна врска со сопругата на напаѓачот и таа врска пред извесно време резултирала со несакана бременост што e директна причина за нападот. Изворите коментираат дека докторот е од албанска етничка припадност и дека напаѓачот е сопруг на негова колешка.

„Недозволена љубовна врска која вродила со плод е причината за нападот“ - на шега утрово коментираат колегите од Клиниката за токсикологија.

Полицијата утрово го потврди случајот и информира дека вчера околу 19:50 часот во полиција е пријавено дека на Ургентниот центар е донесено повредено лице со остар предмет.