Независниот полициски синдикат бара заштита на полицајците

Полициските закони кои се наоѓаат пред пратениците наметнуваат дополнителни механизми за контрола врз полицијата, но не ги штитат правата на полициските службеници – тврди независниот полициски синдикат.

Според синдикатот, полицајците се соочуваат со суспензии, дисциплински постапки и тужби само затоа што си ја вршат должноста, а законските решенија ги третираат полициските службеници како граѓани од трет ред. Синдикатот бара во предложените закони да се вметнат построги казни за лицата кои ќе нападнат полицаец.

„Комплетно разгледување на сите закони и целосно менување на сите одредби во кои се опфатени законските можностои  да еден граѓанин кој ќе посегне по полициски службеник, таа казна во моментот које е на хартија да биде поригорозна.“ - вели Гоце Делчев Тодев – претседател на Независен полициски синдикат.

Од синдикатот најавуваат протести и блокади доколку не се предвиди поголема заштита за полицајците во новите закони. Од МВР велат дека веднаш ги расчистуваат случаите на нападнати полицајци, за барањата кои се однесуваат на законските измени треба да се разговара на маса, а не на прес конференција.