Next Time специјални гости на големиот концерт на Лозано!

Популарното дуо Next Time ќе настапи на големиот концерт на Влатко Лозаноски на 23ти март во ВИП арената, како специјални гости.

Браќата Стефан и Мартин се со години на македонската музичка сцена и во последно време со нивните песни достигнаа милионски прегледи на Јутјуб со препевите на традиционалните песни „Ја излези Ѓурѓо” и „Слушам кај шумат шумите”, за сега конечно да настапат во живо и тоа со нивниот долгогодишен колега и пријател Лозано, на голема и спектакуларна сцена.

Билетите се во продажба преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk.