„Next Time“ пред преполн театар ја промовираа преработката на „Нешто ќе те питам бабо“ (видео)

Вчера во Драмскиот театар во Скопје, дуото „Next Time“ ја промовираше својата преработка и видео записот на старата македонска народна песна „Нешто ќе те питам бабо".


По преработката на старите македонски песни „Ја излези Ѓурѓо" и „Слушам кај шумат шумите", кои уживаат голема популарност, познатото македонско дуо реши да одговори на предизвикот и да направи уште една преработка, која според реакциите на присутната публика, ја очекува успехот од претходните две песни.