Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров ,Т.И.(43) пријавил дека истиот ден околу 17.50 часот, од пред продавница од ул. „Ѓорче Петров“, од страна на непознат сторител му било одземено патничко моторно возило марка „БМВ X5“ со скопски регистарски ознаки.

Сторителот го искористил невниманието на пријавителот, кој излегол од возилото и го оставил да работи. Тој влегол во возилото и со голема брзина заминал од местото на настанот и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од околу 750.000 денари.

МВР презема мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.