Неверојатен трик: Паркирате каде сакате, а никој не ви пишува казна (Видео)

Помина времето кога паркингот не беше никаков пробле. Бесплатен и достапеб, дури и во срогиот центар на градот. Сега само мечтаеме да најдеме слободно место во близина на локацијата каде сме се упатила, па и да платиме.

Желба на секој возач е да се паркира каде сака, а никогаш да не добие казна и да не го крене пајак. Со помош на патентот на оваа дама, можеби тоа и е возможно.

Неименувана жена од Кина смислила начин како бесплатно да го паркира својот автомобил каде сака, а притоа да ги измами и пајакот и контролорите. Сите се прашувале како го прави тоа и тогаш сфатиле, таа сама си го обележува место за паркирање и тоа со помош на тепих!

Секогаш кога ќе посака да се паркира жената го постелува тепихот со бели линии на асфалтот. Кога ќе си заврши работа го поместува возилото, си го пакува своето “паркинг место”, односно тепихот во гепекот, како и знакот што го поставува и си оди.