Неверојана добивка: Со уплата од 20 денари заработи 80.000 евра

Обложувач од Гостивар минатиот викенд имаше голем сојузник во среќата, а за 20 денари заработи 5 милиони денари откако погоди квота од 289170.

Обложувач од Гостивар минатиот викенд успеа да го направи речиси невозможното бидејќи со само четири натпревари успеа да дојде до максималната добивка од 5 милиони денари, со што направи вистински бум-тикет со кој влегува во групата на одлични обложувачи. Тој го искористи правото да остане анонимен, но јасно е дека тикетот што го направи секако е еден од најдобрите што досега биле добитни.

Се работи за четири фудбалски двојки и играта ГГ1&ГГ2, која редовно носи големи коефициенти. Вкупниот коефициент од 289170 е доказ за големата мајсторија.

- Ова е чиста среќа. Тука не можеме да зборуваме за некоја посебна стратегија, туку едноставно среќата беше тој ден со мене и со моите пријатели со кои играв. Голот кој ни ја донесе добивката падна дури во 95. минута, така што ова е дефинитивно чиста среќа - изјави добитникот на 5 милиони денари.

Станува збор за обложувач кој не игра на големи суми, туку ова го прави од задоволство за да може да ужива во следењето на фудбалските натпревари.

- Никогаш немам уплатено повеќе од 50 денари на тикет. Едноставно сакам да се обложувам и да играм поголем број натпревари за да можам потоа да ги следам и да уживам. Најчесто уплаќам 20 или 30 денари. Никогаш не играм конечен тип. Немам уплатено тикет со фикс 1 или фикс 2, туку редовно играм на голови. Не сакам да навивам за едната или за другата екипа, туку за да има што е можно повеќе голови.

Од игрите што се омилени издвои неколку, а главно се однесуваат на оние што носат поголем број голови во првото полувреме.

- Најчесто играм 2+ во прво полувреме или паѓаат повеќе голови во прво или во второ полувреме. Играм и ГГ во прво полувреме, но некогаш и вака како што беше добитниот тикет со ГГ1&ГГ2.

Изборот на натпреварите овој пат бил чиста среќа бидејќи четирите средби биле извлечени од групата на средби што биле планирани за уплата на 2+ во прво полувреме.

- Нема некоја стратегија, туку едноставно тука беше избор на среќа. Имав неколку натпревари за 2+ во прво полувреме. Од нив решив да уплатам четири за 20 денари и овој пат среќата ме посака. Се обидов, верував и успеав. Едноставно ако не се обидете, не можете ниту да добиете.

Ова е прва ваква добивка за обложувачот од Гостивар. Има неколку со солидна сума, но првпат се работи за милионска.

- Пред шест години имав добивка од околу 50.000 денари, а пред две 87.000 денари. И во двата случаи се работеше за средби на кои играв 2+ во првото полувреме. Ова е првпат да добијам олку голема сума и задоволен сум што успеав да дојдам до ваква добивка.

За играњето во обложувачниците „Моцарт“ исто така има убави зборови.

- Откако е отворена „Моцарт“ во Гостивар, јас играм само тука. Таа е единствената што дава можност за така голема добивка. На друго место не може да се добие толку голема сума. Едноставно нуди одлични игри, одлични услови. Никаде не може да се дојде до 10 милиони денари за еден викенд, а овде со над 30 средби ние, обложувачите, можеме да дојдеме до ваква добивка. Презадоволен сум од тоа што можам да се обложувам во „Моцарт“ - изјави добитникот на 5 милиони денари.