Нешто пропуштивте: Ова е најважната работа од денешниот пречек на ракометните херои

Ракометарите на Вардар пристигнаа во Скопје, на плоштадот „Македонија“ ги пречекаа илјадници фанови, а Раул Гонзалес и неговите избраници од 4. јуни веќе се ракометни богови. Ја освоија Лигата на шампионите, го донесоа европскиот трофеј, и станаа бесмртни. Историјата ќе ги памети како македонски херои. Сите ние ќе им бидеме благодарни за убавите чувства кои овие денови ги предизвикаа кај сите нас.

Но, фотографиите ќе останат како спомен од овој голем ден за Македонија. Погледнете ја ексклузивната галерија на Скопје Инфо: фотографии снимани од високо, од прв ред пред бина и буквално насекаде низ Скопје. Чест ни е да го поддржуваме Вардар. Целата галерија погледнете ја тука (прв дел) и тука (втор дел)

И уште еднаш погледнете го видоето од моментот на доделување на пехарот кое во неделата се случи во Келн: