Нешто ново во Скопје: Урбан сквер со џиновски моливи, лампи и спајалици (ГАЛЕРИЈА)

Скверот во населбата Жданец има 500м²  проектирани како урбано јадро во кое дизајнерскиот шмек ќе оформи една артистичка средина во која луѓето ќе можат да се дружат, релаксираат и да уживаат во панорамските визури на Скопје.

Оваа идеја на архитектот Игор Василевски од Креативниот тим на општина Карпош која е прикажана на фотографиите има партер кој е изработен од антиклизен и квалитетен гранит, а предвидено е и пано за графити на кое секој уметник ќе може слободно да ја изрази својата артистичка експресија.