Нервозни и револтирани граѓани од работата на Управата за водење на матичните книги (видео)

Од Управата за водење на матичните книги вчера излегуваа нервозни и револтирани граѓани кои се пожалија на работата на администрација, проблем кој и ресорниот министер Манчевски признава дека постои.

-Овој проблем треба да се реши, еден обичен лист да не знае да се напише, како да имаат завршено четврто одделение за Сител објаснува еден револтиран скопјанец.

Министерот најави централизирање на шалтерскиот систем, со кој ќе се олесни добивањето услуги.

Анализите спроведени од невалдиниот сектор покажуваат дека дури 47 проценти од граѓаните барем еднаш се сретнале со проблем при вадење документи.

Манчевски најавува дека сето тоа ќе се смени од септември кога ќе биде промовиран новиот  национален портал, преку кој граѓаните  ќе можат да ги остваруваат своите права и да добиваат услуги по електронски пат.

Во тој проект ќе биде вклучена и Управата за водење на матичните книги,. Сите документи кои досега се чекаа на шалтер во иднина ќе  бидат достапни на интернет, вели министерот.