Вчера во 11.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Г.Д.(45) од Скопје пријавил дека на 02.овој месец во периодот од 23.00 до 23.30 час. на ул. „203“ во нас. Гоце Делчев, непознат сторител со воздушна пушка пукал во неговото куче и го погодил во пределот на стомакот.
Тој го однел кучето во ветеринарна болница, а по укажаната помош било вратено дома.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.