Ненадејно почина познатиот македонски новинар

На 57-годишна возраст вчера ненадејно почина долгогодишниот новинар на Вечер и Експрес, Ѓорѓи Ристески Џостер.

Тој својата новинарска каериера ја почна во градската рубрика на Вечер, а беше и во политичката редакција, како и заменик на главниот уредник и шеф на маркетингот на весникот.

Посмртните останки на Ристески ќе бидат изложени во капелата на гробиштата на Бутел денес во 12 часот.

Погребот ќе се изврши во 13 часот.