Немој, ти си мојот татко, не треба да ме соблекуваш и допираш

Првата детска амбасада Меѓаши викендов го прославува јубијелниот 25 роденден, а СОС линијата за помош како нејзин составен дел постои 23 години.

Во текот на постоењето од повеќе од две децении на телефонот 0800 1 22 22 помош побарале повеќе од 20 илјади лица. Линијата за помош на децата која детската амбасада ја отвори во 1993 година е онаа која на децата им овозможува со кревање на телефонската слушалка да се чуе нивниот глас за проблемот кој, не по своја вина, го преживеале и се соочуваат.СОС линијата не е неменета само за децата , туку на неа се јавуваат и баби, дедовци и други блиски роднини на злоставувани деца, мајки,  наставнички, пријатели на детето, па дури и соседи кои се сомневаат дека постои злоупотреба на дете. 

Од големиот е бројот на случаи кои се пријавуваат на СОС линијата издвоивме еден:

Случај број 1: Татко во неколку наврати вршел полови дејствија врз нејзината ќерка во спалната соба од семејната куќа. Тоа се случувало додека мајката била на работа. Таткото злоставувач го терал девојчето да ги соблече долните панталони и да остане гола. Во исто време и тој се соблекувал гол. Девојчето го допирал по стомачето, по нозете и по гениталиите , а потоа со половиот орган ја притискал во пределот на телото и гениталиите и на тој начин ги задоволувал своите сексуални потреби. Девојчето го молело таткото со зборовите : „Немој, ти си мојот татко и не треба тоа да ми го правиш“. Но, на ова таткото одговорил таа да молчи и дека за тоа што се случило не смее никому да каже. За хоророт што малолетното девојче го преживеало, мајката дознала од мајка на другарка на злоставуваното девојче. Девојчето кое било сексуално малтретирано од сопствениот татко ѝ раскажало на малата другарка што ѝ се случило. Кога таа си заминала дома, нејзината другарка ѝ се доверила на мајка ѝ за тоа што го чула, а мајката потоа веднаш ја повикала на разговор мајката на злоставуваното девојче на која ѝ раскажала сѐ. По разговор со ќерка ѝ, мајката дознала дека тоа што ѝ било кажано е вистина. Веднаш си заминала кај своите родители, случајот го пријавила во полицијата и поднела тужба за развод од таткото злоставувач. Во исказот што девојчето го дало пред  вешто лице психолог, таа го опишала својот татко како грд човек со кого не сака да живее повеќе под ист покрив.

Од неодамна за СОС телефонот на Првата детска амбасада Меѓаши децата учат во учебниците од трето одделение. Во голем број случаи СОС линијата е првото место каде лицата кои се засегнати со проблемот се обраќаат за помош, велат од Детската амбасада Меѓаши. До сега не се случило дете да пријави сексуална злоупотреба, но децата пријавуваат физичко и психичко насилство од страна на родителите. Лицата кои ги примаат повиците велат дека во тој случај се разговара со детето за тоа да добие помош и поддршка и да се чувствува безбедно, а се разговара и со стручна служба во училиштето и со Центарот за социјална работа.