Немој со сила...

Немој со сила да се обидуваш да го облечеш фустанот кој ти е мал. Ќе го скинеш. 

Немој со сила да ги облекуваш чевлите кои веќе ти се тесни. Ќе ти направат рани. 

Немој со сила да влечеш некого за ракав. Да молиш да ти се возврати љубовта. Да молиш за нечие внимание. Не оди.
Немој со сила да задржуваш некој покрај себе. Не вреди. Колку повеќе стегаш, толку побргу ќе пукне. И нема да знаеш што те снашло.
Немој со сила да се смееш. Се гледа дека е лажно. Не прашувај како знам.
Немој со сила да се обидуваш да отвориш затворена врата. Со причина е затворена.
Немој со сила да чуваш во кафез нешто што треба да биде на слобода.
Немој на сила да аплаудираш ако не ти се допаѓа претставата или нечија шега.
Немој со сила да одржуваш долгогодишни пријателства кои се штетни за тебе.
Немој со сила да одиш на кафе после кое се враќаш дома со мигрена, поради кое губиш нерви.
Немој со сила да се ракуваш, поздравуваш...
Немој со сила да јадеш колач кога ќе отидеш на гости само за да не ги навредиш домаќините, а не ти се допаѓа вкусот на оревот во него.
Немој со сила да бидеш во право. Зошто воопшто имаш потреба цело време да бидеш во право. Гледај да чувствуваш среќа.
Немој со сила да глумиш извештачена љубезност. Се забележува.
Немој со сила да фалиш некого. Се забележува.
Немој со сила да кажуваш ДА дури и кога знаеш дека не сакаш нешто.
Немој со сила да ветуваш. Какво е тоа ветување под притисок?
Немој со сила да се трудиш да бидеш интересен за другите. Биди свој.
Немој со сила да излегуваш ако ти се останува дома.
Немој со сила да бидеш во врска, само за да имаш некој. Слобода и среќа е подобар избор од ова првото.
Немој со сила да прегрнуваш, љубиш, сакаш. Ако е исфорсирано, тогаш не е љубов. Ако е обврска, тогаш не е љубов.
Немој со сила. Ништо. Тоа повеќе ќе те чини на долг рок. Твојот внатрешен мир, трпението, животот. И што тогаш? 

Ако е со сила – тогаш не сакам. Сакам да сакам. Посакувам да посакувам.