#НемаСапун – Онлајн кампања на младите за лошите хигиенски услови во училиштата

Група млади под хаштазите #НемаСапун / #SkaSapun започнаа онлајн кампања преку која ги обележуваат јавните училишта и факултети кои немаат сапун во тоалетите.

Веќе една недела на Твитер и Фејсбук граѓаните споделуваат фотографии и видеа во кои се посочени десетина училишта во Тетово, Скопје, Дебар, Куманово, Струга и Кичево кои немаат основни хигиенски средства.

„Можеме да се бориме против грипот и коронавирусот со сапун и вода, но #НемаСапун во Средното економско училиште „8-ми Септември“ во Тетово“, напиша на Твитер, активистката Рита Бехадини, една од иницијаторките на онлајн кампањата.