Немам веќе трпение!

Немам веќе трпение за некои работи во животот!

Не затоа што станав арогантна, туку едноставно затоа што дојдов до точка во животот кога повеќе не сакам да губам време на работи кои ме прават незадоволна или тажна.

Повеќе немам трпение за цинизам, претерано критикување или побарувања од каков било вид!

Изгубив волја да им удоволувам на оние кои не ме ценат, немам љубов за оние кои не ме сакаат и не сакам да им се насмевнувам на оние кои не ми се насмевнуваат на мене.

Повеќе не трошам ниту секунда на оние кои ме лажат или кои се обидуваат да ме манипулираат.

Повеќе не сакам да бидам во близина на оние кои се преправаат, оние кои се нечесни или површни.

Не толерирам академска ароганција и не прифаќам популарна тривијалност.

Мразам конфликти и споредби.

Верувам во свет на спротивности и затоа избегнувам луѓе со непроменливи ставови и нефлексибилни карактеристики.

Во пријателствата не толерирам недостаток на лојалност, ниту пак толерирам предавство.

Не се сложувам со оние кои не знаат да дадат комплимент или охрабрувачки зборови.

Тешко ми е да ги сфатам луѓето кои не сакаат животни.

А над сѐ – немам трпение за никој кој не го заслужува моето трпение!

Мерил Стрип

cheap nike free run 5.0