Нема веќе паркирање ни на тротоарите кај МОН и ДИК

Тротоарите пред зградата на Нова Македонија во која се сместени неколку институции како Министерството за образование и наука и Државната изборна комисија, ќе бидат слободни за пешаците и велосипедистите. 


Екипи на Град Скопје поставуваат столпчиња со што паркирањето на службени и приватни возила на тротоарот во овој дел треба да стане минато.

Минатата недела беа поставени столпчиња и пред Министерството за правда откако во јавноста имаше бурни реакции кога колата со која се превезува министерот беше паркирана на тротоарот.