Нема уписи во прво одделение без примени вакцини?

Колку првачиња ќе бидат запишани во следната учебна година ќе зависи од нивниот вакцинален картон. Министерот за здравство ќе бара во мај кога се уписите во училиште, да не биде примено ниту едно дете кое е  невакцинирано.

Дотогаш Филипче очекува да бидат направени законски измени во координација со образование и труд и социјала бидејќи и образованието и заштитата од заразни болести се задолжителни со закон.

-Ќе инсистирам на тоа да не запишуваат невакцинирани, ќе изготвиме законско решение има простор за тоа а и Уставен во 2014 се изјасни во поглед на претставки од родители за вакцинацијата, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Само во Скопје околу 1500 школски деца немаат примено ниту една доза на МРП.

Теренската вакцинација која беше спроведена во основните училишта во Скопје не ги даде очекуваните резултати. МРП примиле 290 ученици или само една четвртина од невакцинираните.

Засега невакцинирани деца не примаат во градинките, а таа мерка според здравствените власти ќе остане на сила и по завршувањето на епидемијата со морбили.