Нема повеќе средства во буџетот - заврши акцијата за субвенционирање велосипеди во Карпош

Aкцијата за субвенционирање при купувањето нови велосипеди што ја спроведе Општина Карпош е завршена.

Оваа фаза на финансиска поддршка при купување нови велосипеди е завршена поради исцрпување на паричните средства предвидени во буџетот, информираат од Општината.

Со оглед на тоа што квотата за субвенционирање е пополнета, локалната самоуправа од денеска нема да ги зема  предвид сите новопристигнати апликации. „Во случај да се предвидат нови средства за оваа намена, ќе бидете навремено известени преку веб-страницата на Општината, социјалните мрежи и фејсбук-профилот на Општина Карпош, како и преку пишаните медиуми“, се вели во соопштението.