НEМА ПОТРЕБА ОД МЕСЕЊЕ: Неодолив и крцкав леб од три состојки!

Нема ништо поубаво од тоа кога наутро ќе го почувствувате мирисот на домашниот леб кој се шири низ куќата. Но, за жал често немаме време да замесиме леб, а некако ни се чини дека е многу полесно да отидеме до супермаркет и да одбереме некој по наш вкус.

Состојки кои ќе ви бидат потребни:

-  2 2/3 шолји брашно

- 1 кесичка сув квасец

- 350 мл пиво

Подготовка:

Најпрво вклучете ја рерната на 200 степени за добро да се загрее. За тоа време во сад помешајте го пивото и брашното со квасецот. Кога ќе добиете компактна смеса, истурете го во тава и ставете го да се пече. Кога кората ќе стане кафеава, вашиот леб ќе биде готов.