Нема потреба да ги перете по секое носење: Како најдобро да ги дезинфицирате маските од платно по носењето?

Поради недостаток на хируршки маски во аптеките, многумина беа креативни и започнаа да прават свои.

Сепак, веднаш се појави прашањето како да се дезинфицираат и да бидат безбедни за носење, а да не се перат секој ден?

Експертите дадоа едноставен одговор на ова прашање – нема потреба да ги миете после секое носење.

Сè што треба да направите е да ја вклучите пеглата на пареа и со неа да ја стерилизирате маската која сте ја носеле тој ден.

Всушност, пеглата со пареа е најдобрата дезинфекција не само за маски, туку и за сите работи што ги носите – блузи, јакни, панталони.

Само поминете со пеглата  на двете страни на вашите маски, па дури и облеката, и ќе направите да бидат 100% дезинфицирани.