Нема подолги задржувања на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Ј.П. Македонија пат известува дека патниот правец с.Истибања – брана Калиманци (км.259+300) е затворен за сообраќај за сите категории на возила со записник. Сообраќајот ќе се одвива по алтернативни патишта.

1. За патнички и полутешки моторни возила сообраќајот ќе се одвива преку Виница –Бигла – Делчево
2. За тешки товарни возила преку Виница – с.Смојмирово – Делчево

ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА ПАТАРИНИ: Отпочнат е нов начин на наплата на патарини, повеќе информации може да добиете ТУКА.

Од 01.07.2019 година, започнаа викенд забраните за тешките товарни возила на државните патишта, како и на патниот правец Скопје – Охрид. Подетално за овие забрани, прочитајте ТУКА.