Нема настрадани Македонци во Минхен, ова се дежурните телефони за сите информации

Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичкиот напад во Минхен, Сојузна Република Германија.

Воедно, Министерството за надворешни работи ве известува дека е во постојан контакт со надлежните институции во Германија и нема информации за повредени и/или загинати македонски државјани.

За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Германија, молиме да се обратите на дежурните телефони во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во Германија и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, велат од МНР.

Генерален конзулат на Република Македонија во Минхен, СР Германија Лице за контакт: Блерта Сали Мобилен телефон: +491 763 063 50 87 Адреса: Brienner Straße 56, 80333 München Е-пошта:munich@mfa.gov.mk