Нема да ве остави рамнодушни: Плоштадот Филип Втори низ фотографии

За изградбата, поставувањето споменици и скулптури, осветлението и новата инфраструктура на плоштадот Филип Втори беа платени 10 милиони евра. Уреден е просторот пред зградата „Ибни Пајко“, околината на црквата „Свети Димитрија“, просторот пред Министерството за транспорт и врски, како и платото пред Меморијалниот музеј на холокаустот. Градежните активности ги почна Општина Центар, а по смената на власт, проектот го продолжи градската власт. Изградбата на плоштадот Kарпошово востание, подоцна именуван како „Филип Втори“, почнаа во јули 2011 година, а завршија во 2013 година.

Денес плоштадот Филип Втори е вистинска гордост и убавина на главниот град. Фотографиите кои што следуваат на совршен начин го доловуваат тој момент.

Целата галерија може да ја погледнете тука.

Повеќе фотографии од Скопје тука.