Нема да се зголеми старосната граница за пензионирање

Владата  не размислува за зголемување на возраста на пензионирање, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски.

Тој додаде дека сметаат оти има простор да се применат дел од препораките на Меѓународниот монетарен фонд , а меѓу нив и таа за зголемување на ефикасноста во јавните трошења.  

 Мисијата на меѓународниот монетарен фонд по двенеделно скенирање на македонската економија препорачува- реформа на пензискиот систем со подигнување на возраста и заострување на критериумите за предвремено пензинирање, зголемување на акцизата за горивата, повисок данок на имот, а помал за лицата кои имаат ниски примања.