Енергетските комапнии ЕЛЕМ (Електрани на Македонија) и ЕВН Македонија до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) деновиве ги доставија пресметките за направените трошоци за изминатата година кои што се земаат предвид при пресметките за цената на струјата.

Од Електрани на Македонија(ЕЛЕМ) не побараат зголемување на цената на струјата од Регулаторната комисија за енергетика, за регулираната година и покрај тоа што имаше студена зима и енергетската компанија мораше да реализира увоз на скапа електрична енергија.

Христијан Мицкоски, генерален директор на ЕЛЕМ, веќе во неколку наврати посочи дека скапиот увоз треба да се балансира со извозот на струја што ЕЛЕМ го направи во ноември и во декември. Мицовски планира до јуни да купува електрична енергија по поволна цена.

Според него загубата на струја ќе се надомести и со зголеменото производство на електрична енергија на ЕЛЕМ, а поволно ќе влијаае тоа што компанијата во март и април поевтино набавила енергија.

Енергетската компанија ЕВН потврдува дека ги доставиле пресметките, но не сакаат предвреме да ги коментираме износите на прикажаните трошоците.

Од МЕПСО пак велат дека за нив законскиот рок истекува 31 мај, при што дотогаш ќе ги достават прсметките.

Регулаторната Комисија крајот на јуни ќе одлучува дали од јули ќе има промена на цената на електричната енергија. Трошоците на државниот производител на струја во крајната цена влијаат со 50,7 %, дистрибутерот ЕВН со 44,48 % додека преносниот оператор МЕПСО до 4,82%

Во моментов граѓаните плаќаат 5,6 денари за киловат потрошена електрична енергија. во скапа тарифа и 2,8 во евтина. Лани цената на електричната енергија беше намалена за 0,25%,а во 2015 година исто така имаше намалување од 0,33%.

Граѓаните во процесот на либерализацијата на струјата ќе се вклучат од први јули 2020 година. Според тоа последни во постепениот процес на либерализација ќе бидат 600 илјади домаќинствата, кои се околу 37 % од сите потрошувачи на РМ.

Електричната енергија во Македонија меѓу најевтините во Европа

Според послединте анализи на европските статистичари просечната цена на струјата во земјите од ЕУ изнесува 18,4 евра за 100 киловат-часови.

Како што посочуваат од Евростат најскапа струја плаќаат Данците и тоа 29,8 евра за 100 киловат часови, а најевтина Бугарија со 8,7 евра за 100 киловат-часови.

Анализите за земјите кои не се членки на ЕУ, покажуваат дека во Македонија цената на струјата е за 55% поевтина од европските, а во Србија за 47%. Во регионот поскапа струја има во Словенија, Хрватска и Црна Гора.