Нема да се запишуваат првачиња кои не се вакцинирани

Нема упис во прво одделение доколку детето не ги примало сите вакцини што треба да се примат до таа возраст, оваа информација денеска ја посочија и од владата.

Од таму потврдуваат дека сите деца во градинка и во училиште треба да имаат картон со примени вакцини.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски посочи деца образованието е задолжително сите деца треба да одат во училиште, но и мора да бидат вакцинирани.

Станува збор за обврска пропишана со член 46 став (2) од Законот за основното образование.

„Здравствените установи не смеат да издаваат потврди ако детето не ги примило задолжителните вакцини. Потврдите кои се приложуваат при упис на дете во основно училиште се издаваат во здравствените домови каде што има вакцинални пунктови и истите се бесплатни“, потврдија од владата.

Канал 5 денеска стапи во контакт со неколку училишта рекоа дека испратиле до градинките и до родителите покана за упис во училиште, но засеа се уште немаат добиено никакво известување за начинот за вакцините.

Од таму објаснуваат дека секоја година при упис родителите морале да носат потврда за примени вакцини.

На терен досега вакцинацијата не покажа голем одѕив.

Во Скопје вакцинирани се вкупно 12.848, додека во другите градови од скоро 27 илјади невакцинирани деца досега вкупно се вакцинирани 8.320.