Нема да се обвинувам себеси за оние кои решија да си заминат од мојот живот

Не се обвинувам веќе себеси за тоа што луѓето одлучуваат да си заминат.

Не можам веќе да ја држам вратата отворена за луѓето и да се прашувам што е тоа што погрешно направив, наместо да сфатам дека тоа е нивна загуба. Не сакам постојано да им давам причини за да останат, кога не сакаат ни да бидат тука покрај мене.

Немам веќе енергија ниту пак волја за луѓето кои едноставно не се грижат за мене.

Завршив со тоа да се распаѓам постојано за да им докажам на луѓето кои веќе еднаш си заминале дека вредам и дека во мене има многу повеќе од тоа што го виделе. Не можам да им се извинувам, кога тие се оние кои треба да се извинат. Не можам постојано да се борам со вината, мислејќи дека јас тум личноста која е виновна затоа што одлучиле да си заминат.

Нема веќе да се преправам дека сум нешто што не сум само за да ги исполнам нивните очекувања. Нема да чекам да се вратат, и да останувам доцна дозволувајќи минатото да ме следи.

Полека почнувам да прифаќам дека работите такви какви што се и дека мојот живот не зависи од оние кои одлучиле да си заминат од него. Иако прво мислам дека губам, сепак добивам бидејќи тие луѓе кои така лесно би ме напуштиле не ни заслужуваат место во мојот живот.

Колку и да мислам дека имам контрола над мојот живот, сепак не можам да ги запрам да го прават тоа. Вистината е дека никогаш нема да добијам објаснување за тоа. Не ми е ни потребно.Вистината е дека ако сакаш да бидеш дел од мојот живот, секогаш ќе имаш место во него. Секогаш ќе ме најдеш како се борам за тебе и доаѓам на пола пат, правам вистински напор.

Можеби сепак животот не е за оние кои си заминуваат, туку за оние кои остануваат.