Нема да нѐ убие бомба или метеор, ќе нѐ убие ситничарењето и барањето влакно во јајце

Нема да нѐ убие бомба или метеор, ќе нѐ убие тупењето за глупости и барањето влакно во јајце.
Ќе нѐ убие неблагодарноста.
Јас ти давам јаболко, а ти правиш драма затоа што е кисело, а не слатко јаболко.
Јас ти давам парче леб, ти ме прашуваш дали е тазе.
Ти подарувам панталони за синот, ти велиш дека се убави, ама подобро би било кога би биле сини.
Јас те носам на вечера, ти кукаш што ресторанот е бучен.
Јас ќе направам колач, а ти велиш дека сум можела да ставам повеќе шеќер.
Ќе напишам приказна за да те расположам, а ти велиш дека не сум требала да ставам запирка во третата реченица.
Ти подавам пелена за твоето дете, ти ме прашуваш дали е „Памперс“.
Ти давам кревет да спиеш во него, ти се жалиш дека ти е неудобен.

Е па затоа не можеме да имаме убави работи.
Затоа колективно пропаѓаме.
Затоа што апсолутно непотребно го тупиме за глупости.