Нелегален бизнис: Крвави борби со кучиња на секој чекор

Пред публика од стотици лица, крвави борби со кучиња се организираат на сите страни.Неретко едно од кучињата не успева да ја извојува борбата, а доколку повредите му се сериозни, се оди докрај, додека не умре.

Кучињата влагаат во рингот до нив гордно застануваат сопствениците, публиката започнува да се обложува за својот миленик во борбата. Кучињата крволочно се касаат.По борбата безмилосните сопствениците се ракуваат, а публиката си разменува пари за меѓусебните обложувања, раскажува еден скопјанец.

Овие кучиња се тренираат уште од мали.Кој е надарен, тој преживува и оди понатаму.

- Овие луѓе вложуваат во своите миленици така што ги хранат  со живо месо со цел да стант подиви, ги пуштаат на постојан трнинг како што е трчаењ на траки за да му се зацврстат мускулите. Се користат и стероиди и суплементи сѐ што може на кучето да му даде подобар перформанс, сум бил сведок на една борба кеде сопственикот да се увери дека неговото куче е спремно го  пушти да се бори со улични кучиња, раскажува Г.П од Скопје.

Оние кои се упаетни во овој бизнис велат дека добро се заработува , од кладбите кои се одвиваат во живо додека трае борбата, но и од продажбата на билетите.Обложувачите во борбите на кучиња заработуваат и до 1000 евра.

-Бев дел од една борба на која кучињата се бореа до смрт.Питбулот беше посилен го напдна шарпланинецот кој падна бидејќи не можеше веќе да стои на нозете, беше целиот крвав.На крај го уби и ја доби борбата, вели жител од Кисела Вода.

Измачувањето на животни е кривично дело, член 233 од Кривичен закон. Во Македонија се казнува парично и со шестмесечна затворска казна. А кога се организираат борби со кучиња, се нарушува и јавниот ред и мир од Законот за прекршоци на РМ.

Според Законот за заштита и благосостојба на животните забранета е вклученост, поттикнување, организирање, рекламирање, одржување и обложување на борби на животни за какви било намени.

Законот предвидува глоба од шест илјади евра во денарска противвредност. Сепак, големината на казната очигледно не е доволна бидејќи и понатаму се организираат вакви борби, за што сведочат повеќе граѓани. 

Здруженијата за заштита на животни во Македонија одамна апелираат за овој проблем. Ако претходно локациите на закажаните борби се држеа во најстрога тајност, сега тие се сосема јавни – се најавуваат на Фејсбук, а таму се одвиваат и кладбите.