Неколку улици во Лисиче утре без струја

Утре од 8.30 до 10.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата Партизански Пат во село Драчево, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Истиот ден ќе нема струја од 8.30 до 10.30 часот, корисниците од улицата Мите Богоевски, од 9 до 11 часот за корисниците од дел од улицата Мелничка, од 10 до 11 часот за корисниците од улицата Ѓорѓи Сугарев, од 11 до 14.30 часот за корисниците од улицата 1 и 2 во село Долно Лисиче, а од 10 до 14.30 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов.