Неколку совети за градење на самодовербата

Самопочит е високо задоволство од самиот себе, свест дека вредиме како личност. Со тоа позитивно чувство оди и самодовербата, т.е. довербата во својата сила и способности, во тоа дека можеме нешто успешно да завршиме и да се грижиме за себе. Ако веруваме во себе, можеме да веруваме и во другите. Но што ако сме несигурни?

Доколку сметате дека имате проблем со самопочитта, мора да откриете каква е вашата слика за самите себе. Таа слика не е насликана со бои, туку со зборови и тие зборови треба да се откријат и да се разбијат. Така ќе станете свесни дека се само зборови што се одраз на фрустрација, на немоќ и на недостиг на самоконтрола кај лицето што ни ги кажувало.

Ако негативниот внатрешен монолог потекнува од детството, кое било обележано со силно негативно искуство или со лоши родителски методи, тие лоши искуства можат да ни послужат како пример како не сакаме да се однесуваме кога ќе станеме родители – за да не ги повторуваме нивните грешки. Дури и тогаш можеме да му се спротивставиме на негативниот внатрешен монолог и да најдеме сила да ги отфрлиме таквите зборови и да препознаеме во себе нова, поубава и попозитивна слика за себе.

Ако негативниот внатрешен монолог доаѓа од лошите односи и врски во возрасната доба, мора да сфатиме дека околу нас постојат лица со навидум висока самопочит, кои спрема нас се однесуваат некултурно и потценувачки. Тоа однесување често е маска со која го кријат личниот недостиг на самопочит и до некаде упатува на нарцисоидно нарушување на личноста, а врската со тие луѓе ни штети и ни ја урива самопочитта. Кога ќе станеме свесни за ова, тогаш почнува нашето патување кон поголема самопочит, поголема верба во себе. Да им посветиме големо внимание на внатрешните монолози, да им посветиме внимание на сите мисли што ни пречат и решително да се ослободиме од таа „старудија“. Да се ослободиме од отровните печурки и од плевелот од нашите мисли и убедувања.

Когнитивно-бихејвиоралната психотерапија се фокусира токму на отстранувањето на тие пречки, кои го одржуваат ниско нивото на самопочитта, а тоа се: ирационални стравови, попречувачки мисли и неделотворен комуникациски стил. Можеме да изградиме нова слика за себе, да се почитуваме повеќе, да станеме позадоволни од себе и посигурни во себе. Потребен ни е внатрешен монолог што вели: „Ако сакам, ќе успеам!“, „Јас сум силна“, „Јас имам таленти“, „Вредам затоа што сум неповторлив и единствен“… Да почнеме да се почитуваме повеќе уште денес!

cheap nike free run 5.0