Инспирација
9. Јануари 2017 - 15:36

Неколку потсетници кои треба да ви бидат правила во 2017 година

1. Одете чекор по чекор. Не мора секогаш да знаете што ќе правите утре или па дури и во наредниот час. Научив дека колку повеќе мислиш на иднината, толку пократко делува денот и месеците летаат покрај тебе, а ти си останал незадоволен и несреќен. Изгледа како се да поминало во магла и се фаќаш себеси како велиш: „Леле ама летна годинава“, иако не си постигнал многу. Затоа правете се во сегашниот момент и ценете ја секоја минута, како да ви е последна.

2. Ослободете се. Знаете дека ништо нема да се промени, затоа што не можете да ги промените луѓето освен ако тие навистина не сакаат да се променат и воедно не можете да го промените минатото. Колку побрзо го сфатите ова, толку повеќе ќе се зголемува вашата среќа.

3. Ризикувајте. Ако никогаш не ризикувате, нема да сфатите дека моментот кој бил најлош, можело да излезе најдобар, но и обратно. Како и да е, учите од овие искуства. Никогаш нема да заборавите колку брзо биело вашето срце во тие моменти и како наелектризирано сте се чувствувало. На крај, се тоа ќе се исплати.

4. Јавете им се на тие личости со кои не поминувавте доволно време, само затоа што вниманието го посветувавте на некои други или едноставно мислевте дека тие нема да бидат ништо повеќе од познаници. Поздравувајте се со непознати и прегрнете ја идејата за различноста. Поставувајте прашања за различни култури, морал, идеи, верувања... Образовајте се колку што можете повеќе.

5. Облечете ја таа комбинација којашто постојано сте си зборувале дека не ви стои. Ја купивте затоа што ви се допаѓаше, нели? Е па покажете му ја на светот. Ако го направите тоа со насмевка и самодоверба – уште подобро. Вие сте прекрасни!

6. Наместо да лежите и да се самосожалувате, станете и направете нешто. Излежувањето не само што нема да ви помогне, туку ќе направи да си правите филмови во главата кои ќе ја направат работата уште полоша. Сакате оваа година да биде година на прогрес? Создадете цели и работете на тоа да ги исполните, за на крај на годината да се свртите и да кажете: „Добро беше.“

7. Поминувајте повеќе време со семејството и пријателите. Изградете систем со кои никогаш повеќе нема да се чувствувате осамено. Овој систем ќе води кон тоа секогаш да се чувствувате задоволни, затоа што нема да имате постојана потреба да бидете со некого, затоа што знаете дека имате луѓе кои ве сакаат и со колку повеќе љубов се опкружувате, толку полесно ќе ви биде да се сакате себеси.

8. Секогаш бидете љубезни и бидете лути кога треба да бидете лути. Борете се за тоа во коешто верувате и не се откажувајте  од тоа. Научете да го сакате звукот на вашиот глас, затоа што вашиот глас има моќ. Запаметете, имате право да се чувствувате така како што се чувствувате.

9. Почесто одете на патувања или барем шетајте сами секо ден. Вдишете и издишете го воздухот околу вас. Гледајте ги ѕвездите, зајдисонцето, изгрејсонцето, птиците кои летаат, автомобилите кои минуваат. Понекогаш, наместо да трчате, шетајте на дождот без чадор. Зарем светот не е прекрасен сам по себе?

10. Имајте надеж и верба. Ова е годината за која се надевате дека ќе биде подобра. Не дозволувајте ништо да ве спречи во тоа, затоа што вие немате граници се додека верувате во тоа.