Неколку делови од Скопје утре ќе останат без струја

Без електрична енергија утре ќе останат жители од општините Центар, Шуто Оризари и Сарај, информира РЦУК.  

ЕВН Македонија АД информира дека без струја од 9:00 до 11:00 часот ќе останат корисниците од улиците Атанас Каратошо, Љупчо Зафиров Орлов, Ѓорѓи Абаџиев и Алберт Швајцер, како и дел од корисниците од ул. Ацо Караманов и бул. Мајка Тереза кон ОУ Кочо Рацин, во општина Центар.  

Во периодот од 9:30 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од село Долна Арнакија во општина Сарај, како и корисниците од улиците: Виничка, Дринска, Вашингтонска и Нов Живот, во општина Шуто Оризари.