Неколку делови од Скопје утре без струја

По добиеното известување од  ЕВН Македонија АД, РЦУК  Скопје ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро-мрежата  утре без електрична енергија ќе останат:

  • од 08:30 до 10:00 часот, корисниците од дел од ул. 8-ма Бригада поточно објектите во околината на  Сквер Јадран. ( Општина Центар )
  • од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од ул. Атанас Разделов, ул. Јакупица и ул. Малешевска во населба Драчево. ( Општина Кисела Вода )
  • од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од  с. Горно Крушопек. ( Општина Сарај )
  • во два наврати од 09:00 до 09:30 часот и од 12:30  - 13:00 часот, корисниците од с. Горно Нерези и Етно Село. ( Општина Карпош )
  • од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од  дел од ул. Влае  и ул. Франце Прешерн. ( Општина Карпош )
  • од 10:00 до 11:00 часот, корисниците од  дел од улиците: Ѓорѓи Скрижевски, Драмска и Тасино Чешмиче. ( Општина Центар )
  • од 10:00 до 13:30 часот, корисниците од  дел од улиците: Добромир Хрс и Лазар Димитров. ( Општина Кисела Вода )