Некој работи само за да се прехрани, а некој на шопинг во Солун

Секое трето домаќинство во Македонија во 2016 година живеело полошо во споредба со претходната 2015 година.

Анкетата на Државниот завод за статистика покажува дека подобар животен стандард имале само 5,4 отсто од граѓаните, додека шеесетина проценти не почувствувале промени во финансиската состојба.

Уште еден индикатор кој укажува дека мнозинството живее во немаштија е податокот дека над 60 проценти од домаќинствата не можат да ги задоволат потребите со парите што ги заработуваат во текот на месецот.

Неполни шест отсто се изјасниле дека можат да купат се` што им е потребно.

Според последниот извештај на Светската банка, стапката на сиромаштија во Македонија во 2016 година изнесуваше 30,7 отсто, односно речиси секој трет граѓанин живеел со помалку од пет долари на ден.