Некои мажи едноставно не заслужуваат втора шанса

Давањето втора шанса е добра работа, посебно кога станува збор за маж кој е ваш тип. Но ние тука зборуваме за мажи кои никогаш не заслужуваат втора шанса, доколку навистина сакате да бидете среќни. 

Гребатор
Тоа е оној маж кој секогаш го заборава паричникот и никогаш не учествува во трошоците, па секогаш ќе мора вие да ја плаќате сметкатата.  

Зависник од проблеми
Овие луѓе се чувствуваат живи само кога се опкружени со проблеми, и ако не постојат проблеми, тие ќе ги измислат. Овој човек постојано лелека и ќе бара ваше внимание и помош, но вистината е дека едноставно не сака да си помогне.

Ниски критериуми
Не е добро да имате високи критериуми, но не е добро и да останете со некој само затоа што мислите дека не можете подобро. Наместо постојано да му давате шанса, обидете се себеси да си дадете шанса.

Добро само на хартија
На прв поглед, тој е идеален - убав, паметен, има добра работа и живот каков што можеби би ви одговарал...Но, многу набрзо ќе увидите дека тој е всушност убаво спакувана досада. Маж со кого немате хемија, не е човек на кој треба да му дадете шанса, особено не само поради тоа што е добар во теорија. 

Лошо момче
Тука зборуваме за човек кој е лош по вас, кој е виновен за вашите солзи, непроспани ноќи и за вашата несигурност, а кој во исто време и не му е грижа што ви го прави сето тоа. Лошите момци се за девојки, а за жената која е подготвена за нешто подобро, тогаш обидете се да му дадете шанса на некој вистински маж.