Некогашното место каде се правеше “афтер“: Култната скопска сендвичара, оставен на забот на времето

Некогашното место каде се правеше “афтер“ , сите тинејџери после диско се упатуваа на јадење, таму се раѓаа нови љубови, пријателства...Се чекаше и повеќе од половина час за да нарачаш за јадење но, тоа не беше никаква пречка секој викенд да е преполно. Едно од најпопуларните места за јадење за генерациите родени во осумдесетите години во тоа време е добро познатиот Кинг Бургер.

Долги години познатата сендвичара Кинг Бурег не работи но, секогаш кога ќе поминам низ овој дел од градот оваа место кај мене предизвикува емоција и враќање во минатото.Некогашното култно место за скопјани, е во целост запустено,објект кој се распаѓа, па ни оддалеку не наликува на место кое некогаш зрачеше со некоја посебна магија.

Кинг Бурегер не е единственото место кое повеќе не работи, малтене и да не постои објект од минатото но, разликата е во тоа што тие објект во потполност ги нема и на нивно место се изградени нови објекти и останува да се прераскажува кој објект во минатото постоел на тоа место. Објектот во распаѓање на сендвичарата Кинг Бургер буди силни емоции и сеќавање на едно минато, со оглед на тоа дека објектот сеуште стои, гледајќи го ги враќаш сеќавањата, а истовремено е жална сликата од урнисаниот објект.