Тоа беше некогаш, можеби не толку одамна, но нам ни се чини дека минати се цели векови, бидејќи изгледа како таквата култура веќе не постои.

Имате ли понекогаш чувство дека се помалку мажи се однесуваат така, а често и оние кои се однесуваат така престануваат бидејќи се сметани за чудни? Мажите од тоа време немале проблем да изразат почитување кон жената, да и го дадат својот капут кога ќе и застуди или да ја испратат до дома во доцните часоци.

Ова се неколку правила на кои татковците ги учеле своите синови во тоа време:

Таа е нечија ќерка – Ова не е само изјава, туку нешто што се чувствува во срцето. Тие знаеја дека секоја девојка е нечија сестра и ќерка, која заслужува почит. Татковците тогаш им велеле на своите синови  : Однесувај се кон секоја жена, како што еден ден сакаш да се однесуваат со твојата ќерка.

Почитувај ги нејзините граници – Доаѓа време за допири, за страствен секс, но жената пред се треба да чувствува дека е сакана и почитувана. Таа ќе го цени секој допир и ќе дозволи се, но само ако се чувствува сигурна во твоите раце.

Испрати ја до дома – Секогаш погрижи се таа да стигне сигурно дома. Најсреќната жена е онаа која се чувствува безбедно и сигурно со тебе.

Плати ја вечерата од време на време – Не допуштај таа да мисли дека не ги почитуваш нејзините пари, но од време на време изненади ја. Плати ја вечерата, купи и цвеќе, покажи ја својата посветеност.

Понуди и го своето палто кога е студено – покажи и дека ти е важно како таа се чувствува, покажи и дека си тука за неа.

Отвори ја вратата за неа – направи таа да се чувствува како кралица. Покажи и дека е обожавана и дека го заслужува тоа.

Почитувај ги нејзините родители – без оглед на тоа какви се нејзините родители, секогаш покажи ја почитта кон нив.