Некогаш тагата е преголема: Како да ја преболиме загубата на блиските?

Тагата е природен одговор на загубата на некоја личност која ни значи многу. Колку што е поголема загубата, толку е поголема и тагата. Сепак, таа е најинтензивна во случај на смрт на оние кои ги сакаме.

Постојат 5 фази низ кои минуваме во овие ситуации: негирање на загубата, лутење, потиштеност, прифаќање и прифаќање на ситуацијата.

Сите луѓе не минуваат низ истите фази и понекогаш тие не одат по истиот редослед кога загубата е непредвидлива. Тоа што морате да го запаметите е дека е нормално да се чувствува тага и дека не постои фиксно одредено време кога болката ќе исчезне.

Некои луѓе ќе речат дека болката никогаш не исчезнува и тоа е така, но штом се стигне до петата фаза тоа значи дека болката постои, но свесни сме дека таа е тука, дека е дел од нашиот живот и учиме да живееме со неа.

Кога станува збор за загуба на личност која долго била болна, понекогаш доаѓа олеснување. Во тој случај, не треба да чувствувате никакво каење или грижа на совест, но тоа е нормално чувство. Од друга страна, кога загубата е ненадејна, често чувствуваме и грижа на совест бидејќи мислиме дека некако сме можеле да ја избегнеме таквата ситуација, да ја спречиме на одреден начин.

Грижите, стравовите, беспомошната и несигурноста, нападите на паника – сите овие работи се многу нормални во ваквите ситуации.

Иако е некогаш тешко да се сетиме на тоа, сепак по смртта на саканата личност не смееме да заборавиме на себе. Големиот емоционален стрес може да го наруши нашето здравје. Знаете дека умот и телото се поврзани и затоа треба да водите голема грижа за себе, или пак да им дозволите тоа да го направат оние кои ве сакаат и се тука за вас.