Некогаш децата и семејството на прво место, а денеска парите и кариерата

Во минатото најважно било да имаш големо семејство и многу деца. Да имаш нормални услови за живот. Никој со никого не се натпреварувал кој повеќе ќе има. Сите живееле исто. И тогаш некој имал повеќе, а некој помалку, но и покрај се семејството секогаш било на прво место.

И денеска семејството е најважно, но секој ден се повеќе почнува кариерата и парите да се ставаат на прво место. Во потрага за подобар живот за себе и за своите најблиски, многу млади луѓе не се одлучуваат да стапат во брак и да основаат семејство. Се повеќе се поместува границата. Чекајќи да направат добра кариера, животот поминува многу брзо. Они пак, кои веќе имаа деца и семејство, заминуваат во странство, оставаат дома семејството да ги чека. Не се тука за ниту еден празник, за ниту еден роденден, за ниту една прослава.

Многу родители имаат таква работа, каде што постојано мора да патуваат и да не се дома. Децата се оставаат сами, со едниот родител или пак со баба и дедо.

Динамичниот живот и современиот начин на живеење прават секојдневието на граѓаните да е исполнето со напори да се обезбеди основната егзистенција, а во втор план да ги стават сите преостанати предизвици, меѓу кои, и одлуките за проширување на семејствата.