Нека 2023 биде година на вистинската љубов која ќе трае

Едноставно е. Само полека, верувајте во себе. 

Тргнете, живејте,  дајте сè од себе. Дозволете да ве изневерат и излажат. Дозволете им да престанат да ве сакаат. Да остават трага на вас, ако веќе така одлучиле. Нека го направат тоа. Но, штом ги снема, тие се тие кои губат, не вие. 

Вашата сила е огромна. Вашата личност непобедлива. Не собирајте бес и болка од оние што ве повредиле во минатото. Тие не се веќе дел од вашиот живот.

Живејте и сакајте со полно срце, без страв. Некогаш спокојно и нежно, друг пак силно и страствено. Сакајте ја секоја личност на посебен начин. Но, се до еден ден. 

Еден ден, ќе се појави личност која ќе го спои скршеното и ќе ви покаже како се сака вистински. Некој кој ќе ве сака како што никој друг не го направил тоа претходно, некој кој навистина знае како. 

Тоа е личност која никогаш нема да ве пушти. Дури тогаш, ќе дознаете дека вреди да се ризикува во љубовта, дури тогаш ќе дознаете колку вреди кога ќе дојде вистинската личност. 

Најубавото се чува за на крај, не се плашете од љубовта. 

Бидете си доволни себеси, додека не дојдете вистинската личност. Вашите несовршености се совршени. Верувајте си на себе.