Неизвесен почетокот на учебната година: СОНК незадоволен од зголемувањето на платите, можен е бојкот на 1-ви септември

Под знак прашалник почетокот на учебната година. Синдикатот на просветните работници СОНК е незадоволен од зголемувањето на платите од 5 отсто.

Претседателот на СОНК, Неделков вели дека в петок Советот на синдикатот ќе одлучи дали просветарите ќе го блокираат почетокот на учебната година на 1-ви септември.

Според него, платите во образованието се најниски во јавниот сектор. Затоа бараат тие да се покачат сразмерно со растот на минималната плата.

Од Владата велат дека се уште течат преговорите со СОНК за поголемо зголемување на платите.

СОНК заедно со Конфедерацијата на слободни синдикати неколку пати годинава протестираа со барање за поголеми плати.