Негативните мисли за другите се во вас, а не во нив

За да се ослободите од потребата да озборувате, критикувате, напаѓате и омаловажувате други луѓе, пред тоа мора да се исчистите од негативните мислите кои го имате за нив. Тоа е цената на вашиот мир. Затоа секогаш преиспитувајте се кога навистина ги познавате, можеби само површно ги знаете, но сигурно не ја знаете нивната целосна животна приказна. 

Негативните мисли за другите се во вас, а не во нив!

Колку ноќи сте минале размислувајќи за другите, а не за вас?

Таа негативност не е само мисла, тоа е кршење на вашиот дух, уништување на вашата сила, губење на вашиот фокус на важните работи во животот. И кога сѐ ќе соберете и одземете, ќе сфатите дека со тие негативни мисли вие најмногу губите, всушност вие сте единствени кои губите. Тие луѓе не знаат што се случува во вас, не знаат зошто ви одат на нерви и зошто се однесувате така како што се однесувате. Престанете да се замарате со другите и живејте го својот живот.

Во мислите гледајте го својот пат, а не нивниот пат.

Дури откако искрено ќе се засакате себеси, вашата љубов ќе допре до нив и ќе почне да ги менува. Бидете силни кога се спротиставувате на своите лоши мисли, тие се вашиот најголем непријател. 

Отворете се и комуницирајте и кога ќе го направите тоа, сите ѕидови ќе почнат да паѓаат. Тогаш ќе видите колку сте слични и блиски до другите и нема да имате потреба лошо да мислите за нив!