Сончево и стабилно време со температура до 36 степени прогнозираат метеролозите за седмицата која е пред нас.

Во текот на утрешниот ден не очекува преодна стабилизација на времето со температура до 28 степени, но без врнежи од дожд.

Од вторник температурите ќе бидат во постојан пораст. Така во вториот ден од новата седмица температурата ќе се искачи до 32 степен, а во сабота истата ќе се движи од 19-37 степени. Во текот на целата седмица времето ќе биде стабилно и сончево.